Македонија ќе понуди и на ЕУ француски предлог плус за уставите измени

Македонската делегација на 19 септември ќе биде во Брисел на средби со челниците на Европската унија. На средбите ќе биде презентиран предлогот што веќе го најави премиерот Христијан Мицкоски за уставни измени со одложено дејство.

Како што велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, сега се бара начинот како предлогот да биде претставен. Шефот на дипломатијата нема дилеми дека треба да се разговара и оти со дијалог може да се најде решение.

-Во дипломатијата нема гаранција за успех, но ќе бараме решение. Сметам дека Заклучоците не треба да се менуваат за да се применат уставните измени со одложено дејство. Но, потребно е менување на францускиот предлог, односно францускиот предлог плус. Премногу концесии се направени од наша страна и немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка, вели изворот.