Израел поставил експлозиви во тајванските пејџери на Хезболах

Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила мала количества експлозив во 5.000 пејџери од тајванско производство нарачани од либанската група Хезболах неколку месеци пред детонациите во вторникот, изјавија безбедносни извори за Reuters.

Операцијата претставува невидено безбедносно пренетрирање во структурата на Хезболах, во која илјадници пејџери беа детонирани ширум Либан, при што загинаа девет лица и беа ранети речиси 3.000, вклучително и борците на групата и иранскиот амбасадор во Бејрут.

Проиранскиот Хезболах вети дека ќе му возврати на Израел, чијашто војска одби да ги коментира експлозиите.

Се чини дека заговорот траел со месеци, изјавија неколку извори за Reuters. Висок либански безбедносен извор изјавил дека движењето нарачало 5.000 пејџери произведени од тајванската компанија „Gold Apollo“. Неколку извори рекле дека тие биле донесени во земјата претходно оваа година.

Еден извор идентификуваше фотографија од модел на пејџер „АP924“, кој како и другите пејџери безжично прима и прикажува текстуални пораки, но не може да остварува телефонски повици.

Борците на Хезболах користат пејџери како ниско-технолошки средства за комуникација во обид да избегнат израелско следење на локациите на мобилните телефони, изјавиле за Reuters два извора запознаени со операциите на движењето.

Но, неименуван висок либански извор рекол дека израелската шпионска служба ги модифицирала уредите „на ниво на производство“. „Мосад вметнал табла во внатрешноста на уредите на која има експлозивен материјал кој го прима кодот. Многу е тешко да се открие на кој и да е начин. Дури и со некој уред или скенер”, рекол изворот.

Изворот додал дека 3.000 пејџери експлодирале кога им била испратена шифрирана порака, истовремено активирајќи го експлозивот. Друг безбедносен извор за Reuters изјавил дека во новите пејџери биле скриени до три грама експлозив.

Основачот на тајванскaта компанија „Gold Apollo“, Хсу Чинг-Куанг, изјавил дека пејџерите користени во детонациите во вторникот во Либан не се направени од компанијата, туку од компанија во Европа која има право да го користи заштитниот знак на тајванската компанија. „Производот не беше наш. Само го имаше нашето лого на него“, рече тој. Хсу не ја именуваше компанијата за која рече дека ги произведува пејџерите, додавајќи дека жртва на инцидентот бил и „Gold Apollo“.

„Ние сме одговорна компанија. Ова е многу срамно“, рече тој.

Сликите на уништените пејџери, анализирани од Reuters, покажуваат формат и етикети на задната страна кои беа во согласност со пејџерите направени од „Gold Apollo“ со седиште во Тајпеј.

Во февруари Хезболах подготви воен план со цел да се решат недостатоците во разузнавачката инфраструктура на групата. Околу 170 борци веќе се убиени во целните израелски напади врз Либан, вклучително и висок командант и висок функционер на Хамас во Бејрут од почетокот на ланскиот октомври.

Во телевизискиот говор на 13 февруари, генералниот секретар на либанското шиитстко движење, Хасан Насрала, остро ги предупреди поддржувачите дека нивните телефони се поопасни од израелските шпиони, велејќи дека треба да ги скршат, закопаат или заклучат во железна кутија. Наместо тоа, движењето одлучи да ги дистрибуира пејџерите на членовите на Хезболах во различни фракции на движењето, од борци до медицински лица кои работат во нејзините служби за помош.

Експлозиите осакатија многу членови на Хезболах, според болничките снимки прегледани од Reuters. Ранетите имаа различен степен на повреди на лицето, недостасуваат прсти и отворени рани на нивните страни каде што најверојатно носеа пејџери.

„Навистина сме силно погодени“, изјави висок либански безбедносен извор, кој има директно знаење за истрагата на групата за експлозиите.

Експлозиите на пејџерите доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Израел и Хезболах, кои се вклучени во прекугранична војна од избувнувањето на конфликтот во Газа минатиот октомври.

Додека војната во Газа беше главниот фокус на Израел по нападот на 7 октомври од вооружени лица предводени од Хамас, неизвесната ситуација долж северната граница на Израел со Либан ги подгреа стравувањата од регионален конфликт во кој би можеле да бидат вклучени САД и Иран.

Ракетниот бараж од страна на Хезболах ден по 7 октомври ја отвори најновата фаза од конфликтот и оттогаш секојдневно се разменуваат ракетен, артилериски оган и проектили, при што израелските авиони напаѓаат длабоко во либанска територија. Хезболах порача дека не сака поширока војна, но ќе се бори доколку Израел ја започне.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рече на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во понеделникот дека се затвора прозорецот за дипломатско решение на конфликтот со движењето Хезболах поддржано од Иран во јужен Либан. Сепак, експертите велат дека не ги гледаат експлозиите на пејџер како знак дека израелска копнена офанзива е неизбежна. Наместо тоа, тоа е знак за очигледно длабоката пенетрација на израелското разузнавање во Хезболах.

https://www.youtube.com/watch?v=g8j5Yp_XNEE
https://www.youtube.com/watch?v=AvzFuJGmNfo
https://www.youtube.com/watch?v=AvzFuJGmNfo