Централната банка на САД го префрла фокусот од инфлацијата на пазарот на трудот

WASHINGTON, DC - DECEMBER 13: U.S. Federal Reserve Board Chairman Jerome Powell speaks during a news conference at the headquarters of the Federal Reserve on December 13, 2023 in Washington, DC. The Federal Reserve announced today that interest rates will remain unchanged. (Photo by Win McNamee/Getty Images)

Американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed) забележително ја зголеми прогнозата за стапката на невработеност оваа година и сигнализираше промена на фокусот од инфлацијата на пазарот на трудот, намалувајќи ги каматните стапки за половина процентен поен во средата.

Опсегот на референтни каматни стапки сега е од 4,75 до 5,00 отсто, објави Fed, при што претседателот Џером Пауел изјави дека борбата против инфлацијата е завршена. Американската централна банка држеше каматни стапки во опсег од 5,25 до 5,50 отсто од јули минатата година, кога го завршија 18-месечниот циклус на зголемување на трошоците за задолжување.

Новите проекции на Fed покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 2,3 отсто оваа година и дополнително ќе се забави до 2,1 отсто во 2025 година. Во 2026 и 2027 година, Fed сега очекува инфлацијата да биде два процентa, проценувајќи дека ќе остане на тоа ниво подолг период, според медијалните проекции на официјалните лица.

Но, тие значително ја зголемија проценката за стапката на невработеност годинава, на 4,4 отсто. Тие уште во јуни процениле дека ќе изнесува 4,0 отсто, горе-долу во согласност со проценката на независниот институт CBO, кој ги обединува поранешните функционери на централната банка и Министерството за финансии и поранешни претставници на Конгресот. Во 2023 година, според CBO, изнесувала 3,6 проценти.

Од почетокот на годината стапката на невработеност се движеше околу 4,0 отсто, а највисокото ниво го достигна во јули, од 4,3 отсто. Вредноста е и најголема од октомври 2021 година, покажуваат податоците на Министерството за труд.

„Ако ме прашате (…) дали би ги намалиле каматните стапки доколку го добиевме извештајот од јули пред состанокот, одговорот ќе беше ‘можеби ќе ги намаливме’. Ние не ја донесовме таа одлука, но знаете, можеби ќе ги спуштевме“, рече Пауел на прес-конференција по состанок.

Бројните показатели од пазарот на трудот, како што се барањата за исплата на бенефиции за невработеност, па дури и сегашната стапка на невработеност од 4,2 отсто, не предизвикуваат загриженост, нагласи првиот човек на Fed, но посочи дека нови знаци на слабост во пазарот на трудот треба да се превенира, исто како што многумина беа за брза реакција за да се спречи зајакнување на инфлацијата.

„Некои мислат дека пазарот на трудот треба да се поддржува кога е силен, а не кога почнуваат отпуштањата“, рече Пауел.

Банката на Федерални резерви проценува дека стапката на невработеност ќе остане на 4,4 отсто во 2025 година, што ја зголемува јунската проценка за 0,2 процентни поени. Во 2026 година би требало да ослабне само малку, на 4,3 отсто, а исто така да биде за 0,2 процентни поени повисоко од она што беше проценето на почетокот на летото. Во 2027 година треба да падне на 4,2 отсто и да остане на тоа ниво подолг период.

Економијата би требало да порасне за 2,0 отсто во оваа и во следните две години, потврди Fed проценките од јуни. На подолг рок, растот би требало да биде нешто помал, според прогнозираната стапка на раст од 1,8 отсто.