Кремљ предупредува дека ризикот од поширок конфликт на Блискиот исток е „исклучително голем“

Кремљ во понеделникот го осуди убиството на лидерот на либанското шиитско движење Хезболах, Саид Хасан Насрала во израелски воздушен напад минатата седмица, велејќи дека постои „исклучително висок“ ризик од поширок конфликт на Блискиот исток.

„Руската страна ги осудува таквите акции, веруваме дека тие доведоа до значително дестабилизација на ситуацијата во регионот“, изјави на редовниот древенг брифинг за новинарите акредитирани во Кремљ, портпаролот Дмитриј Песков.

„Главната работа е што таквото неселективно бомбардирање на станбени згради во Либан доведува до голем број човечки жртви, што неизбежно ќе доведе до хуманитарна катастрофа како онаа на која сме сведоци во Газа“, додаде Песков изразувајќи ја „најдлабоката загриженост“ на Москва. .

Рускиот премиер Михаил Мишустин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе се сретнат во Техеран, соопшти во неделата Кремљ, а пренесува агенцијата AFP.

Моќните удари Израел врз позициите на шиитското либанско движење Хезболах, кое е подржувано од Иран, ја зголемија меѓународната загриженост за ризикот од поширока ескалација на Блискиот исток, во која би бил вклучен и Техеран.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во текот на викендот го прогласи убиството на Насрала за политичко убиство, а неговото министерство во соопштение го повика Израел веднаш да ги запре нападите во Либан.