Стабилни сто дена, Владата покажа одржливост без ДУИ и СДСМ

Ветувањата од премиерот станаа реалност за македонскиот народ. Премиерот Христијан Мицкоски уште на почетокот нагласи дека оваа Влада ќе се формира без СДСМ и без ДУИ и дека тие нема да бидат услов за да функционира Република Македонија.

Денес по повод 100 дена Влада се обрати премиерот Мицкоски и нагласи дека промените и подобрувањата ќе продолжат со ист интензитет и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги заборави граѓаните како што ги заборави СДСМ и ДУИ и дека ќе им служат на сите без поделби. Владата на ВМРО ДПМНЕ функционира стабилно а заканите од страна на ДУИ и СДСМ нема да станат реалност.

Премиерот нагласи дека во првите 100 дена тие дале 100% за граѓаните и ги нагласи реализациите:

– Повисоки пензии преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери
– 15 милијарди денари за капитални инвестиции за општините
– 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра, кои ќе значат нови 1.600 вработувања
– Исплатени повеќе од 1,2 милијарда денари за заостанати субвенции од минатото и во годината
– 20 милиони евра за реконструкција на студентските домови

-Поевтини лекови преку проширување на позитивната листа со 9 генерици или вкупно 87 лекови

-Исплатен е долг од 2 милијарди денари од Фондот за здравство

Одговорноста е на највисоко ниво и ние сме целосно свесни дека очекувањата не смеат да се изневерат.Граѓаните очекуваат дела, а не само зборови. Затоа, нашата посветеност и напорна работа ќе продолжат со уште поголема енергија и одлучност!

100% #Посветени за тебе!, објави Мицкоски на својот фејсбук.