Доларот зајакна, цените на нафтата стагнираат

На валутните пазари во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна четврти ден со ред и достигна највисоко ниво за месец и половина, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка нема да брза со дополнителното намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневно се движи околу 101,90 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,77 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 146,60 на 146,40 јени.

Меѓутоа, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1030 долари, додека вчера во истиот дневен пресек од трувањето беше 1,1035 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по силниот раст претходните денови. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,04 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,05 отсто, на 73,65 долари.