За пет земји над милијарда евра од ЕУ за санација на последиците од поплавите

Европскиот парламент (ЕП) денеска одобри помош во износ од над милијарда евра за санација на последиците од катастрофалните поплави што ги погодија Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција во 2023 година.

Средствата се доделени од Фондот за солидарност на ЕУ, а пакетот помош е одобрен со 632 гласа „за“, седум гласа против и три воздржани – се наведува на веб-страницата на ЕП.

Европратениците велат дека помошта од ЕУ треба да се прошири со оглед на зголемениот број природни катастрофи во Европа.