Историјата треба да зближува, а не да разединува, порача Мицксоки

Историјата треба да зближува, а не да разединува порача премиерот Христијан Мицкоски од обележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба.

„И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар во Македонија. Затоа што ВМРО е и нивна историја, во ВМРО и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припаддност. Ова е празник и за албанците и ден што не обединува со нив, затоа што во неколку наврати дејците од историски ВМРО се бореле рамо до рамо со своите албански браќа од оваа територија против заеднички непријател за заедничка цел. И, конечно, сакам ова да биде ден кој ќе не поврзува и со соседите, посебно со Бугарите, со кои немаме иста, но имаме споделена историја, како дел од овие простори, и од тоа време ни се испреплетувала судбината на нашите народи, низ предизвиците на востанијата, битките, политичките пресметки, некогаш имало и моменти кога интересите биле заеднички и тоа сакам да го потенцирам на овој ден, дека мора и овојпат да седнеме и да ги лоцираме заедничките интереси, по пат на почитување и меѓусебно разбирање за различноста меѓу нас, но и за сличноста на нашите интереси и неопходноста од заедничка иднина, како регион и во рамките на ЕУ“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас сакав и можеби наивно се надевав дека мојот мандат ќе биде фокусиран исклучиво на реформи, проекти, мерки и реализирање на програма, на економија, развој и спроведување реформи, но за жал Македонија како држава не може да помине еден мандат на една гарнитура без таа да е проследена со некои историски или национални теми или прашања. Но ако се вратиме наназад ќе видиме дека тоа е проклетството кое мора да го носиме, гордиевиот јазол на македонското прашање не може едноставном да се пресече, туку е надвиснат над нашата земја веќе со децении и векови. Прашањето е живо не само затоа што ние го држиме живо, туку затоа што нашите соседи го држеле живо заради сопствени интереси, кои се регионални.

            Оттука низ историјата сакале да ја делат Македонија, да ја окупираат, едни па други, па трети, па сакаа да ја обезличат, нешто кое и денес е актуелно.

Но ние не смееме да се предаваме, колку и да е тежок овој предизвик. Цел на секоја наредна генерација е да изоди барем еден чекор нанапред во зачувување на идентитетот на македонците“. 

Негаторски политики секогаш имало. Историјата се повторува но секогаш како фарса. А ние мора да си тераме по својот пат, мора да сфатиме дека да имаме подобра држава зависи исклучиво од нас и од никој друг. Ако ние не водиме сметка за институциите, буџетот, околината, ние ќе живееме полошо. Ние мора самите а се свртиме кон нас, и да се цениме повеќе, да веруваме во себе, да не дозволуваме апатијата да не проголта и да не водат алузии дека сите не престигнале и нас не не бива. Тоа не е точно. Ние одамна ќе бевме во ЕУ да не беа грчкиот проблем со македонија и бугарскиот проблем со македонија. Да се потсетиме и грчкиот и бугарскиот проблем почнаа веднаш на денот на осамостојувањето на државава. И траат како дел од нивна стрратегиска политика базирана на нивното гледање на историјаата и нивните регионални интереси и цели, до ден денес“, заклучи Мицкоски.