На Волстрит раст на S&P и Nasdaq индексите поттикнати од „Tesla“ и падот на приносите на трезорските записи

На Волстрит во четвртокот, индексите S&P 500 и Nasdaq пораснаа, поттикнати од оптимистичката прогноза на „Tesla“ за неговата продажба и надолната корекција на приносите и трезорските записи од тримесечните највисоки нивоа, кои ги поттикнаа инвеститорите на поголеми купувања на акции.

Во четвртокот индексот Dow Jones загуби 150,59 поени или 0,33 отсто, на 42.374 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,21 отсто на 5.809 поени, а индексот Nasdaq за 0,76 отсто, на 18.415 поени.

„Ѕвезда“ на денот беше акцијата на „Tesla“, која порасна за речиси 22 отсто, најмногу во последните 10 години, што ја зголеми пазарната капитализација на компанијата за повеќе од 140 милијарди евра за само еден ден. Имено, „Tesla“ објави солидни деловни резултати во третиот квартал и ги изненади пазарите со прогноза за раст на својата продажба следната година за 20 до 30 отсто .

Истовремено, приносите на државните трезорски записи ослабнаа од највисоките нивоа во три месеца од 4,26 отсто, на 4,2 отсто.

„Најголемото влијание врз акциите во октомври беше од порастот на тие приноси. Од приносот на 10-годишните американски трезорски записи под 4 отсто до сегашната состојба се дојде до релативвно брзо“, местото каде што е сега“, рече Бил Нортеј, виш директор за инвестиции во „U.S. Bank Wealth Management“.

Објавувањето на корпоративните приходи продолжува, а меѓу поистакнатите имиња за нив извести и IBM, кој не ги исполни очекувањата на пазарот во однос на приходите од продажбата, па цената на неговата акција падна за 6,17 отсто. Значително падна и цената на акцијата на „Honeywell“, за 5,1 отсто, бидејќи предвидуваше годишна продажба под проценките на аналитичарите, а сето тоа придонесе за нов пад на Dow Jones индексот, откако ден претходно забележа најголем процентуален дневен пад во последниот месец.

Цените на акциите на Волстрит паднаа во изминатите неколку трговски дена од рекордно високите нивоа поади очекувања дека американската централна банка (Fed) сепак ќе ги намали каматните стапки со побавно темпо, бидејќи американската економија покажува солидни показатели, како и зголемување на приносите на побезбедните средства, како што се државните и неизвесност околу претседателските избори во САД.

На европските берзи најважните индекси само благо пораснаа во четвртокот. Лондонски Ftse индекс зајакна за 0,13 отсто, на 8.269 поени, франкфуртски DAX за 0,34 отсто, на 19.443 поени, а париски CAC за 0,08 отсто, на 7.503 поени.