Дејан Недев освои трето место во кати на ИКУ Светскиот шампионат

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина.

Недев во исклучително тешка конкуренција успеа да дојде до бронзениот медал, каде само во неговата категорија учествуваа 57 каратисти од 44 држави.

Од МТКФ информираат дека судиите влијаеле Недев да не дојде и до посјајно одличје.

-Недев беше блиску и до освојување и на златниот медал но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, така што неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби рамнотежа (баланс) но и покрај таквата грешка судиите се одлучија да му ја доделат победата на бразилскиот натпреварувач Хозе Вивас Сантос, објавија од МТКФ.

Второто место го освои претставникот од Бангладеш Сиад Нуризман.

Ова беше прв позначаен резултат на Недев по пауза од три години од големите натпреварувања.

Веќе за две недели Македонските каратисти ги очекува уште едно големо натпреварување годинава, Светскиот шампионат во традиционално карате од 5 до 10 ноември во Лима, Перу.