Инфлацијата во еврозоната забрзала до 2,0 отсто во октомври, поттикната од растот на цените на храната, според проценките на Европската статистичка служба објавени во четвртокот.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во октомври изнесува 2,0 отсто, пресметаа статистичарите. Во септември цените поскапеа за 1,7 отсто.
Цените на услугите најсилно пораснале во октомври на годишна основа, за 3,9 отсто, како и во септември. Потоа следува свежата храна која поскапела за 3 отсто, речиси двојно повеќе од првиот есенски месец.
Енергијата во октомври е поевтина за 4,6 отсто од лани. Во септември нејзиние цени беа пониски за 6,1 отсто.
Без енергијата и свежата храна, цените во октомври се повисоки за 2,7 отсто во однос на истиот месец лани, пресметал Eurostat. Тоа значи дека базичната стапка на инфлацијата била иста како и во септември.
На месечно ниво, цените во еврозоната се зголемиле за 0,3 отсто во октомври, по падот од 0,1 отсто во септември.
Кога ќе се исклучат храната и енергијата, податоците покажуваат раст на цените од 0,2 отсто во октомври во однос на септември, кога тие стагнираат, покажуваат проценките на Европската статистичка служба.
Најмногу на годишно ниво цените пораснале во октомври во Белгија, за 4,7 отсто, покажуваат податоците на европскиот завод за статистика, а на второ место е Естонија, каде што пораснале за 4,5 отсто. Следи Хрватска, како најнова членка на еврозоната, со пораст на потрошувачките цени во октомври, мерени со HICP, за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани. Во септември тие пораснаа првпат од април, за 3,1 отсто, утврдил Eurostat, што малку ја зголеми прелиминарната проценка која покажа раст на цените за 3,0 отсто.
Во октомври, Словачка беше израмнета со Хрватска во однос на годишната стапка на инфлација измерена со HICP, а блиску се Холандија и Грција, каде што беше 3,3 и 3,2 отсто, соодветно.
Цените најблаго пораснале во Ирска и Литванија, за само 0,1 отсто. Во Словенија останаа на нивото од ланскиот октомври.