Компанијата „Алорика“ која се занимава со аутсортинг и консалтинг услуги активно ги разгледува можностите за инвестирање и е во процес на планирање на конкретна соработка.
Енди Ли, извршниот директор на компанијата по бизнис форумот во Лос Анџелес изјавил дека како компанија работат во многу држави во светот, и она што имале можност да го слушнат од бизнис форумот е дека човек може да биде задоволен од водењето бизнис во Македонија.
-Македонија има високо образована работна сила и е многу посветена на привлекување на инвеститори, и Влада која го поддржува бизнисот што од моја перспектива укажува на тоа дека има се што ни е потребно да бидеме успешни, при што со нетрпение очекуваме да дојдеме и да научиме повеќе. Ние ќе ја посетуваме Македонија во наредните три месеци за да направиме детални анализи за можноста да отпочнеме бизнис во државата, изјави извршниот директор Енди Ли.