И во неделата на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утриските температури се движат од минус 3 на западот до 5 степени на крајниот југ на земјата, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот меѓу минус 1 и 7 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе достигне до 5 степени.