Евролига: Партизан ја продолжи серијата победи, Реал поразен од Асвел, Париз на врвот

Кошаркарите на Партизан ја продолжија серијата победи во Евролигата, откако во 13. Коло во домашната „Белградска арена“ го победија Жалгирис со  84:78 (22:19, 22:22, 20:23, 20:14).

За Партизан ова беше трета последователна победа во најелитното континентално натпреварува и се чини дека конечно ја пронајдоа вистинската форма пред следните предизвици да се изборат до повисоките места на табелата.  

Жалгирис вообичаено играше со многу енергија, но на ист начин одговори и Партизан. Избраниците на Андреа Тринкери на несвојствени начин за нив го одржуваа активниот резултат со шут за три поена. Тоа, инаку, не е најсилното оружје на литванскиот великан, неговите играчи вообичаено погодуваат осум обиди за „тројка“, но во Белград беа прецизни дури 16 пати од 40 обиди.

Мечот го одлучи завршницата на третата четвртина, кога Жалгирис имаше предност од плус 7 (61:54)., но Партизан заигра ангажирано под двата обрача и со серија од 10:0 дојде до водство, но после уште една „тројка на Силвано Франциско во последната делница се влезе без предност 64:64.

Во четвртата четвртина Партизан ја стегна одбраната и го натера Жалгирис да поентира практично само од линијата за слободни фрлања. Така гостите во овој период од играта постигнаа само седум коша од игра.

Тоа го искористија играчите на Партизан и дојдоа до важна победа која активно го враќа во борбата за пласман во „плеј-офот“, односно „плеј-инот“,

Карлик Џонс беше најефикасен кај „црно-белите“, кој впиша „дабл-дабл“ со 19 поени и 10 скока. Го следеа Френк Ниликина и Тајрик Џонс со по 15. Кај Жалгирис, Лони Вокер беше најдобар со 26 поени, а Едгарас Улановас и Брејди Менек постигнаа по 12.

Партизан сега има сооднос победи порази 5-8, додека Жалгирис има 7-6. Партизан веќе во четврток од 20:30 часот го пречекува Панатинаикос.

Кошаркарите на Реал Мадрид се поразени на гостувањето во Вилрбан, каде домашните Асвел ги совладаа со 80:78, а францускиот тим со звукот на сирената го постигна победничкиот кош. Јунак на победата беше Парис Ли, која го постигна својот 13-ти кош на натпреварот. Стрелците на Асвела ги предводеше Тео Маледон со 23 поени, а имаше и седум асистенции.

Марио Хезоња беше најдобар стрелец кај Реал со 19 поени, а Габриел Дек постигна 17 поени.

Мадриѓаните се на 12. позиција со скор 6-7, а Асвел е на 15. место со 5-8.

Водечката позиција ја зазеде Париз, кој на гостувањето во Белград го совлада Макаби со 93:81. Парижаните ја започнаа сезоната со скор 1-3, а ова беше нивна деветта победа во низа.

Анадолу Ефес ја прекина серијата од два пораза и пред своите гледачи го победи Баерн со 101:90. Баварците сега се на седмото место со учинок 7-6, а Баерн е шести со повеќе победи (8-5).

Фенербахче го претрпе вториот последователен пораз, а турскиот клуб загуби на гостувањето кај Басконија (76:88) и падна на второто место со сооднос 9-4. До неа ќе стигне победникот од утрешната пресметка меѓу Монако и Олимпијакос.

Евролига – 13. коло
Анадолу Ефес – Баерн 101:90
Асвел – Реал Мадрид 80:78
Макаби Тел Авив – Париз 81:93
Панатинаикос – Барселона 90:89
Басконија – Фенербахче 88:76
Партизан – Жалгирис 84:78

Во среда:
Монако – Олимпијакос (19.00 ч.)
ЕА Милано – Црвена ѕвезда (20.30 ч.)
Виртус Болоња – Алба (20.45)

ТАБЕЛА

#TeamPlayedWinsLossesPoints ForPoints Against
1Париз1310311151054
2Фенербахче139410321006
3Олимпијакос12841021955
4Монако12841023976
5Панатинаикос138511201073
6Баерн138511531138
7Анадолу Ефес137611051092
8Барселона137610921082
9Жалгирис1376973976
10Црвена звезда1266993955
11Емпорио Армани126610291035
12Реал Мадрид136710741058
13Басконија136710041020
14Партизан135810421050
15Асвел Вилурбан135810571101
16Макаби134910891136
17Виртус Болоња122109561014
18Алба Берлин122109331090