Сириските безбедносни служби кои работеа под Башар Асад ќе бидат уништени, а законите за тероризам ќе бидат поништени, изјави за „Ал Џезира“ извор од политичката администрација на сириската опозиција која воспостави контрола над Дамаск и многу други градови во земјата на крајот на минатата недела.
„Сириските безбедносни служби ќе бидат демонтирани, а законите за борба против тероризмот ќе бидат укинати“, рече изворот.
Тој додаде дека опозицијата „ќе ја проучува состојбата на сегашната сириска армија и потоа ќе ја разгледа можноста за нејзина реформа“.
На 27 ноември, вооружената опозиција на Сирија започна голема офанзива врз позициите на владините сили во провинциите Алепо и Идлиб. До вечерта на 7 декември, противниците на претседателот Башар Асад зазедоа неколку големи градови, вклучувајќи ги Алепо, Хама, Дара и Хомс. На 8 декември тие влегоа во сириската престолнина Дамаск, додека војската се повлече од градот.
Сирискиот премиер Мохамад Гази ал Џалали изрази подготвеност за мирен трансфер на власта во републиката. Како што беше соопштено, Асад се повлекол и ја напуштил земјата, откако дал инструкции за мирен трансфер на власта.