МВР вечерва во акција низ Скопје и други градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.

Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.

Неофицијално, се апсат припадници на криминални групи во Дуќанџик, Грчец и Арачиново.

Засега нема повеќе информации за оваа акција, но може да се очекуваат во текот на утрешниот ден.