Најдобриот јужнокорејски фудбалер и капитен на англиски Тотенхем, 32-годишниот Хеунг-мин Сон ќе остане во клубот од северен Лондон до летото 2026 година, објави во вторникот англиската Премиер лига.
Актуелниот договор на Сон беше со важност до крајот на оваа сезона и Тотенхем реши да ја активира клаузулата за продолжување на договорот за една година, па Сон ќе остане во редовите на „Петлите“ до летото 2026 година. Корејскиот напаѓач е во Спарс од 2015 година и на 431 натпревар има постигнато 169 гола и 90 асистенции.
Тој е на листата на 20 најдобри голгетери во Премиер лигата, а за репрезентацијата на Јужна Кореја одигра 131 натпревар и настапи на три Светски првенства (2014, 2018, 2022).