Отворена кривична истрага против сопругата на израелскиот премиер Нетанјаху

Отворена е кривична истрага против Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер, објави во неделата израелското државно обвинителство како одговор на опозицискиот пратеник кој побара кривично гонење против сопругата на Бенјамин Нетанјаху.

Канцеларијата на јавниот обвинител не појаснува каква истрага се води против Сара Нетанјаху, која моментално се наоѓа во САД. Но, пратеничката Наама Лазими ја обвинува дека се обидела да заплаши сведок во судскиот процес за корупција против нејзиниот сопруг.

Истрагата беше отворена на 26 декември, а ја спроведува израелската полиција и одделот за сајбер криминал на Јавното обвинителство.

Следеше по извештајот на програмата „Uvdа“ на телевизискиот Channel 12 дека Сара Нетанјаху ѝ наредила на Хана Блајвајс, покојната помошничка на нејзиниот сопруг, да организира протести и онлајн кампања против Хадас Клајн, клучен сведок во еден од случаите во кои му се судеше на премиерот.

Јавниот обвинител Гали Бахарав-Мијара и државниот обвинител Амит Аисман на 26 декември објавија дека наредиле истрага за осомничени за манипулации и попречување на правдата на сведоците, по извештајот во емисијата „Uvda“.

„Добивањето на официјалното соопштение од Канцеларијата на јавниот обвинител во врска со отворањето на кривична истрага против Сара, сопругата на премиерот Нетанјаху, е важно за парламентарниот надзор, судскиот систем и владеењето на правото“, вели Лазими во одговорот до државниот обвринител и за Сара вели дека е „осудуван престпаник“.

Сара Нетанјаху беше прогласена за виновна во 2019 година за трошење пари на даночните обврзници на ручеци. Првично обвинета во јуни 2018 година за проневера и прекршување на довербата, таа се спогоди со судот една година подоцна и беше осудена со спогодба за вина за злоупотреба на државни средства за порачки на храна од угостителски објекти додека готвач со полно работно време работел во резиденцијата на премиерот.

Обвинението за проневера и нарушување на довербата ќе донесе многу построга казна. На овој начин била казнета со 2.500 евра, а на државата мораше да ѝ врати 11.000 евра.