Откриена даночна измама „тешка“ над 100 милиони евра во италијанскиот град Реџо Емилија

Gdf Perugia

Финансиската полиција во италијанскиот град Реџо Емилија откри наводна даночна измама вредна повеќе од 100 милиони евра, организирана од осомничен криминален синџир, во кој биле вмешани 400 вистински и фиктивни компании, соопштија извори од истрагата.

Даночната полиција соопшти дека под истрага се 179 лица, додека во Италија се извршени 91 претреси, од Торино до Кротоне, пренесе АНСА.

Операцијата, со кодно име „Омброманто“, започна утринава, кога беа претресени 87 лица и четири бизниси во неколку италијански провинции, вклучително и 23 во областа Реџо Емилија, додадоа истражителите.