
Зоран Иванов, познат пропагандист на поранешниот премиер Зоран Заев и влијателен аналитичар на СДСМ, повторно со контроверзна изјава.
Во својата последна објава, Иванов шокира со тврдење дека „Трамп го шитка и НАТО“, оставајќи впечаток дека со нетрпение очекува геополитичка нестабилност.
Со вакви ставови, Иванов уште еднаш докажува каде стои идеолошкиот кампус на СДСМ – во поддршка на хаосот и неизвесноста. Ваквата реторика отвора прашања за нивните вистински позиции во однос на западните сојузи и безбедносните гаранции.
Дали ова е новата линија на СДСМ?
Дали некогашните „евро-атлантисти“ сега преминуваат во таборот на несигурноста?
Македонската јавност заслужува одговори!