
Претседателката на српскиот парламент и поранешна премиерка Ана Брнабиќ ја опиша нејзината средба со известувачот за Европскиот парламент, Хрватот Тонино Пицула во вторникот како „добра и отворена“, а неговата нацрт-резолуција ја нарече „срамна и полна со дезинформации“.
Брнабиќ им рече на новинарите по разговорот со Пицула, која беше во неговата прва посета на Белград откако беше назначенза известувач на ЕП во октомври, дека не е „најсреќна“ поради средбата.
„Дали бев најсреќна што се сретнав со Тонино Пицула? Не“, рече Брнабиќ, објаснувајќи дека се сретнала со него „од почит кон Европскиот парламент“ и неговата претседателка Роберта Мецола.
Коментирајќи го тоа што одредени државни функционери не се сретнале со Пицула, Брнабиќ изјави дека не знае кој го бојкотира Пицула, бидејќи со него се сретнале сите пратенички групи, но не и претседателот и премиерот на Србија, Александар Вучиќ и Милош Вучевиќ.
Додаде дека претседателот не мора да се сретнува со сите од Европскиот парламент, бидејќи за контактите со ЕП е одговорност на српскиот парламент и дека не знае ни која би била темата на средбата, по сѐ што Пицула кажал за Србија.
Српските власти жестоко го дочекаа назначувањето на Пицула, обвинувајќи го за антисрпски ставови и ширење лаги за Србија и во минатот.
Во понеделникот, во разговор со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, Пицула ги осуди „неаргументираните обвинувања против ЕУ и нејзините земји-членки“ дека биле вклучени во организирање протести предводени од студентите.
„Србија треба сериозно да покаже дека е стратешки ориентирана кон Европската унија и дека за Унијата комуницира објективно и недвосмислено“, рече Пицула, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот министер по средбите.
Минатата седмицаа, презентирајќи го својот нацрт-извештај пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, тој остро ги осуди судирите од граѓани приврзаници на власта со демонстрантите и тврдењата на српските власти дека земјите-членки на ЕУ се вклучени во организирање студентски протести со цел да се започне „обоена револуција“.
Пицула во извештајот ги посочи и „дилемите“ во однос на надворешната политичка ориентација на Србија, која како земја кандидат за членство во ЕУ негува посебни врски со Кина и Русија, кои во Брисел се доживуваат како директните геополитички ривали на ЕУ.
Ги истакна и „проблемите“ во домашната политика поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и потребата од вистинска слобода на изразување.