Изгоре куќа во Кочани

Во пожар вчера изгоре куќата на 59-годишната А.А од Кочани, која во тој момент била сама во својот дом. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани.

Денес ќе биде извршен увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот.