За предвремено излегување од затвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков повторно ќе одлучува Кривичниот суд, а за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески казната е скратена а веќе од јуни ќе биде од јуни, годинава.
И двете одлуки беа објавени денеска од страна на Апелација.
„Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј. изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува. Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“ – стои во решението на Апелациониот суд Скопје.
Апелација за Мијалков донесе решение со кое се уважува неговата жалба и предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.
„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд“, стои во решението на Апелациониот суд Скопје.
Јанакиески беше осуден на три и пол години затвор откако призна вина за случајот Титаник за изборни измами. Во меѓувреме со измените на Кривичниот законик застареа и делата за кои се товареше во случаите Топлик и Талир.
Претходно и Гордана Јанкулоска излезе предвреме од „Идризово“, додека поранешниот премиер Никола Груевски е во БЕГСТВО ВО Унгарија.Во затвор останаа уште поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и службеникот Ѓоко Поповски од МВР кој ја спроведе јавната набавка за службениот мерцедес по нарачка на Груевски.