Ја имитира голата Рита Ора, насмеа половина милион луѓе

а актерката и комичарка Селест Барбер, Инстаграм е неисцрпен извор на инспирација за нови фотографии. Таа се прослави со своите иронични и смешни имитации на совршени, понекогаш нереални, фотографии на познати личности, а скоро секој ден покажува како „обичните“ луѓе би изгледале во апсурдните пози на славните.

Сега таа беше инспирирана од Рита Ора со нејзината разголена фотографија.

На фотографијата, Рита носи само ракавици и со рацете ги крие интимните делови од телото. За целите на снимањето, Селест облече сино-жолти нараквици за чистење во бањата, ги покри нејзините интимни делови со рацете колку што можеше и застана пред камерата.

„Немој да се преправате дека воопшто го читате описот“, напиша таа саркастично на Инстаграм, каде ја следат 7,4 милиони луѓе.

https://www.instagram.com/p/CGzb_l1HjQb/?utm_source=ig_embed

Фотографијата собра повеќе од 550.000 лајкови и илјадници коментари.