Аџиовски: Ни скапо платеното рекламирање од 26.000 евра не може да ја промени лошата перцепција за лошото владеење и управување на Ковачевски

Наместо да стасаме во Европа со тие министри и заменици што беа на тој воз, само по една година гледаме дека возот кон Европа не ни тргна, уште стоиме во место, изјави Мирче Аџиовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на собранието.

Аџиовски рече дека реалноста е дека Македонија е заглавена во криминал и со оваа влада не може да тргне, а не пак да стигне до Европската унија.

Реалноста е дека овој воз е заглавен во криминал, и со ваков воз ниту ќе тргнеме ниту ќе стигнеме во ЕУ. Ќе останеме заглавени се додека не сме промени возачот на овој воз, смета тој.

Според Аџиовски ниту скапо платеното рекламирање од 26.000 евра не може да ја промени лошата перцепција на граѓаните кон Ковачевски и владата на СДС.

Со плаќање и рекламирање од 26.000 евра и кажување на празни зборови од страна на премиерот не се менува перцепцијата која што ја имаат граѓаните за заробената држава. Ниту платени лајкови не можете да добиете, а не лајкови со вистинска поддршка од граѓаните, му рече Аџиовски на Ковачевски.

Ако барем ги прочитате коментарите од овие ваши спонзорирани објави ќе видевте најдобро какво е нивното мислење за вашата работа односно неработа. Ќе видевте дека животот им го направивте неподнослив во секоја смисла на зборот. Ви порачуваат да заминете вие и вашата влада и дека излезот се предвремени парламентарни избори, посочи Аџиовски.