После долги години бракоразводна парница, Арнолд Шварценегер конечно се развел.
Светските медиуми пренесуваат дека познатиот холивудски актер се развел од сега веќе поранешната сопруга, новинарката Марија Шрајвер.
Тие беа во брак 25. години, пред да се разделат во 2011. година.
Парот има четири деца, а драмата околу нивниот развод ја пренесоа медиумите и често ги полнеа насловните страници на многу таблоиди.
Да потсетиме, новинарката поднела барање за развод од Арнолд во 2011. година, откако дознала дека тој ја изневерувал со куќна помошничка со која имал и дете.
Поранешните сопружници веднаш се договориле за старателството над децата, но дошло до несогласувања околу имотот „тежок“ 400. милиони долари. На крајот од баладата, сепак, тие се согласиле да го поделат имотот на еднакви делови.