![Janko_Ilkovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/Janko_Ilkovski.jpg?resize=480%2C480&ssl=1)
Само наивни будали и манипулатори за своја корист, пљампаат лупирана ауто-тјун арија дека силата е во народот, народот одлучува, интегритет, самостојност и слични дебилштини наменeти за лунпен-пролетеријатот и остала полуприучена багра. Сори дечки, ако уште живеете во тој филм топло советувам хелекс, рисперидон, амизол, три пати на ден на гладно со чаша апсинт. Секој кој ви вика поинаку е само од личен лукративен курч! Македонија не е послободна или позаробена земја ни со едните ни со другите, има само привид на есететиката на владеењето.
Ова мало парче земја, од Бог лично изделкано, совршено создадено е населено со популација која лично шејтанот ја има одбрано, нанижано и ко сув пипер виси популусот. Одвреме-навреме макар на инстиктивно ниво, народот повлекува потези кои не можат со ништо друго да се споредат туку со телепатија.
Кога започна кампањата 2021, народот не слушаше или гледаше што неговите лидери му кажуваат, туку ококорени загледни каков чад ќе излезе од калето… време ли е за нов папа-намесник? И да зачади оттаму, додека мадам печеше пиперки, пораката беше брзо сфатена, „дечки терајте не се мешаме“. Аха, сега не се мешате? Па, се научивме на ишаретот одозгора небаре епископски благослов на благодатта извира од таму.
И да, Заев се повлекува и јас знам дека ќе го оддржи зборот, затоа што ако нешто мислам дека знам за него, тоа е дека оние кои го “спремaа од надвор” му пратија месиџ да се повлече. Настрана неговите политички акробации во кои даваше одговори онакви какви во моментот се очекуваа од него а не ги исполнуваше затоа што знаеше дека ништо од него не ни зависи. Никогаш во овааа земја ништо не зависело од некоја партија или личност во партијата. Идеш на баци рака, те благосиљаат, чекаш трпеливо и кога ќе ти дојде редот истрчуваш.
Да вулгализирам, и тоа како имаш да се изнаработиш, поденсеш прокети, развиеш стратегија, испокинеш сто рала опинци да му укажеш и докажеш на народот дека токму ти си тој, дека смирението и современото менаџирање, а не ратоборните повици се она кое повеќемината од нас, а и надворепшниот фактор ги сакаат, да успееш да си ги исконтролираш ајваните околу тебе. Е тука е падот на Заев, курчот на неговите, кои аздисаа и сега квичат да не дал оставка. Па секако, знаат дека се само обични паразити без својот лидер и дека организмот наречен-народ земја акутно како дијареаа ќе ги исфрли.
Најтажната тутрутка која Заев ја извади од нафталин е Бучко кој сега паламуди такви небулозни глупости но кога ќе размилиш , па што друго му преостанува? Замислете, Црвенковски го победил Заев? Црвенковски не може да си го победи нагонот за Џони шетачот не па да покренува маси и структури, и да влијае на политичката сцена. И он се повлече после ишаретот и знае дека нема враќање за него, не е глуп. Глупи се оние кои веруаат во тие приказни. Но, кој беше Буч? Кога беше премиер, беше најлошата политичка фигура која се изнедрила од сдсм, и до толку да дури и денес се прашувам колку Грувски, тогаш голобрад полу-анонимус го победи или гласачкото тело на сдсм го казни заради ужасно лошата политика. Мизерија. После знаете што све мораше да си трпи оти не одигра како што треба да одигра, па еве му дадоа втора шанса за кој е свесен дека ја прокоцка и дека после ова може само да ужива во незаслужената пензија.
На СДСМ и ќе му погледаа некаква умерена корупција, која, рака на срце ја има ама во секоја земја, но забегаа во аргонацијата чиј лидер беше неприкосновениот Шиги.
И тука доаѓа Данела…
Данела мислите дека туку така некој рејтинг ја изнедрил, дека некој од ГОРЕ со изненадување го проследил нејзиниот избор? Дечки, нема политички потег кој не е во некаква конекција со било кој и не само со нас, секаде во светот. Јас не знам кој се тие длабоки структури но знам дека ни за милиметар не одстапиле од насоките и никој не успеал да им ги наруши.
Ова не го намалува трудот и успехот на овие кои толку ненеадејно храбро и силно патос избришаа со оваа гарнитура, скоро на ист начин како оние во 2017 вис верса. Најголемиот предизвик на ВМРО во наредниот период е даа не направи престап – ни грешка, а затоа најмногу под лупа ќе бидат новите градоначалници. Ако дпмне дозволи макар еден локален шериф да се искурчи у Шиги стил, ако не работат со крајна познина сервилност кон граѓаните, уверен сум дека нема да ги добијат наредните парламентарни – редовни или предвремени, сеедно.
Една ронка на криминал, корупција или било што не смеат да си дозволат па макар немале леб да јадат, само така можат да одиграат на долги патеки и да ја добијат власта, а тие кои ќе се искурчат, па се надевам дека ќе завршат како Боки и Катица.
Служете му на народот – не на партијата, знајте, некој тоа го гледа и ќе го награди.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес