На денешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се осврна и ја појасни моќта на ВМРО-ДПМНЕ како структура која е дел од македонскиот идентитет.
Премиерот објасни дека и покрај девалвирањето на името на партијата, и покрај бројните омаловажувања ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане структура од македонскиот идентитет.
„Сите ја потценија моќта на ВМРО како организација колку и да сакаат да го девалвираат па често пати насловуваат како ДПМНЕ не како ВМРО-ДПМНЕ колку и да сакаат да не омаловажуваат колку и да сакаат да направат зло сепак ова е структура која што е дел од македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.
Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и дека тој корен лесно не се корнее, не се уништува.
„Сакале да признаат или не ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и туку така лесно тој корен не се корнее тој корен не се уништува тој корен има длабоки корења и јас ја имам таа чест да ја водам оваа организација и оваа структура“, вели Мицкоски.
Премиерот нагласи дека од аспект на неговите животни гледања неговите амбиции и желби се исполнети и реализирани и како единствена обврска која му преостанува е да го подобри животот на граѓаните во Република Македонија и потенцираше дека го вложува секој атом од својата енергија за успешно справување со дадените предизвици заедно со своите соработници.
„И честопати кога ме прашуваат што понатаму јас често пати велам ако гледаме од оптиката на личните професионални амбиции јас реално немам за што повеќе да живеам, ја предводам најголемата во историска смисла организација на Балканот, ја предводам Владата како предводник на најголемата во историска смисла организација на Балканот и сум редовен професор. Генерално сите оние моменти сите тие амбиции кои што сум ги имал како човек се реализирани сега единствениот мој мотив се да овие 100 илјади човечки животи и нивните судбини се обидеме преку алатките кои што ги имаме на располагање да ги направиме поубави и давам се од себе тоа да го правам“ објасни Мицкоски кој укажа „јас во овој момент го вложувам секој атом од својата енергија и знам дека тоа го прават моите соработници и знам која е нивната инспирација така што накратко поминавме многу тешки работи но победивме“, заклучи Мицкоски.