AA: Класична кражба е погребот на лице починато од ковид-19

Од Алијанса за Албанците велат дека Македонија е земја со најголем број на смртни случаи од ковид-19 во регионот, и покрај бројните проблеми, многу семејства се должни да издвојат значајни средства за погребите на нивните најблиски од ова болест.

– Според информациите што ги имаме од граѓаните, разни погребални компании ја злоупотребиле ситуацијава и за нивните услуги барале од 12,000 до 35,000 денари, цена која е висока за специјална ПВЦ пластична торба, каде што е завиткано телото на починатиот, како и лимен ковчег, врз основа на еден протокол, кој според Државниот санитарен и здравствен инспекторат НЕ ПОСТОИ – се вели во соопштението од партијата.

Оттаму прашуваат:

– Зошто Министерството за Здравство девет месеци дозволил вакво нешто, кога знаела дека не постои таков протокол и дозволил кражба на граѓаните?

– Во која жиро сметка се исплатени средствата од страна на граѓаните, за ПВЦ торбите и ковчегот со телата на починатите од ковид-19?

– Кои се компаниите кои се договорени од стана на Министерство за здравство за кражбата на граѓаните?

Поради тоа од Алијанса за Албанците бараат:

– Итно да се прекине со проневера и класична кражба на граѓаните од страна на Владата и истата да подготви протокол за погребување на мртвите од ковид-19.

– Семејствата кои се оштетени, повеќето социјални случаи, веднаш да се компензираат, и да им се враќаат украдените средства.

– Бараме одговорност и отчет од страна на Министерот Филипче, за ова СКАНДАЛОЗНА ИЗМАМА на граѓаните, каде директно се допира во џебот и се крадат граѓаните.