Центарот на белградски Партизан, Французинот Матијас Лесор ќе мора да ги пропушти следните три натпревара на својот клуб, поради инцидентот што го направи на дербито против Црвена ѕвезда, одлучи дисциплинскиот судија на АБА лигата, Хрвоје Видан.
На споменатиот натпревар Лесор најпрвин го турна, а потоа го удри ривалскиот играч Филип Петрушев и со тоа направи неколку прекршоци според дисциплинските прописи на регионалното кошаркарско натпреварување.
Покрај тоа што ќе пропушти три натпревара, Лесор ќе треба да плати и 10.000 евра на АБА лигата.
На пет кола пред крајот на основниот дел од натпреварувањето, Партизан е водечки тим во АБА лигата со учинок 19-2, додека Црвена ѕвезда е на второто место со 17-3 и натпревар помалку.