Абдула Ѓул: Се подготвуваат промени во Владата

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се подготвува за промени во Владата, дополнително поттикнати од корупцискиот скандал што се случи во земјата, пренесе „АФП“, повикувајќи се на изјава на турскиот претседател Абдула Ѓул.

Според шефот на државата промените во Владата може да бидат објавени уште по враќањето на премиерот Ердоган во Турција по дводневната посета на Пакистан.

„Ердоган се подготвува за промени во Владат и ја проценува ситуацијата. Ќе зборуваме со него откако ќе се врати и тогаш ќе знаете повеќе“, изјавил Ѓул за новинарите.