Абрамович брои 50 милиони фунти за Пол Погба

Како што се ближи стартот на летниот преоден рок, така се поголем и поголем е интересот за францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба.

Лондонскиот премиерлигаш Челзи е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на 21-годишниот играч за врска.
Сопственикот на лондонските “сини”, милијардерот Роман Абрамович е подготвен да одвои околу 50 мил. фунти за репрезентативецот на Франција, но таквата понуда е за 15 мил. фунти помала од таа што ја посакуваат раководните лица на Јувентус.

Парите кои се потребни за да се осигураат услугите на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Абрамович ќе ги обезбеди откако ќе најде купец за Фернандо Торес, Џон Оби Микел и Давид Луиз.

Околу 30 мил. фунти Челзи треба да заработи од продажбата на Давид Луиз кој најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона.

Фернандо Торес ќе биде продаден за 15 мил. фунти, а Џон Оби Микел ќе биде продаден за околу 5 мил. фунти.