Името на големиот германски талент и стандарден првотимец во дресот на бундеслигашот Шалке, Џулијан Дрекслер, е последното кое може да се прочита во списокот со фудбалери кои би требало да се преселат за време на зимскиот преоден рок во редовите на лондонскиот премиерлигаш Шалке.
Сопственикот на „сините”, Роман Абрамович веќе има потврдено дека е импресиониран од играта на малдиот играч за врска и дека би сакал што е можно побрзо да ги осигура и неговите услуги.
Иако, раководните лица на бундеслигашот од Гелзенкирхен, постојано повторуваат дека Дрекслер има статус на недопирлив и дека уште неколку години ќе го носи дресот на Шалке, таквиот нивни став лесно може да се промени доколку понудата за 20-годишниот репрезентативец на Германија, не биде помала од 50 милиони евра.
Освен тие на Челзи, голем интерес за Дрекслер имаат покажано и челниците на Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и на Реал (М).