АД ЕСМ бележи загуба од 16,8 милиони евра

Компаанијата АД Електрани официјално годината 2020 ја завршува со загуба од 16,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци.

Најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата минатата 2020 година остварил приходи од 195,4 милиони евра, што е поомалку за 5 отсто во однос на 2019 година.

Од друга страна, кај двете компании на ЕВН се забележува загуба и добивка. „Хоме“ има приход од 277,3 милиони евра, што е зголемување за 102 отсто, но сепак загубата е 11,9 милиони евра, додека „Електродистрибуција“ има 153,2 милиони евра продажба, односно раст од 5 отсто и 4,5 милиони евра профит.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, за Фактор изјави дека лично не очекува да има зголемување на цената на електричната енергија по први јули оваа година.

Владата ќе предложи да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули