АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години.
Во моментот прозведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги, притоа зачувувајќи ги акумулациите на речиси просечното десетгодишно ниво.