
АД ЕСМ вчера произведe 18.398 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
Од нив, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 13.988, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.410 мегават часови.
-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часови ноќни вишоци електрична енергија, потенцираат од Владата.