Британската пејачка Адел (32) ослабе повеќе од 40 килограми во последните неколку месеци, а сега ги одбила договорите во вредност од 50 милиони долари што ѝ ги понудија разни компании со цел да ја промовира нејзината диета.
Имено, познатата пејачка не сака да заработува пари на ригорозната диета и на промоцијата на губењето на килограмите.
Странските медиуми пишуваат дека на пејачката ѝ понудиле ангажмани од ТВ-куќи, брендови и разни маркетиншки компании со надеж дека ќе ги прифати нивните понуди и ќе ја промовира својата диета, поради која има нова линија.
– Таа ги одби сите и рече дека не сака да стане уште една од Кардашијанките кои брзо заработуваат огромни пари, туку сака да се фокусира на нејзината музика и новиот албум.
Докторката Доминик Фрадин Рид, која соработувала со пејачката на режимот под кој била Адел, вели дека тајната за слабеење е и во доброто расположение и состојбата на ментално здравје.
Адел имала и воен режимна функционирање, што го потврдил и нејзиниот личен тренер Пит Герасимо:
– Престана да пуши, да пие, исфрли слатки и престана да јаде преработена храна. Почна здраво да се храни и редовно да тренира, многу напорно – рече тој.
– Се надевам дека луѓето ја ценат напорната работа којашто Адел ја наорави за да се подобри во корист само на на себеси и на своето семејство. Таа не ослабе за да се чувствуваат лошо другите. Оваа лична трансформација нема никаква врска со мене или со вас. Станува збор за Адел и за тоа како таа сака да го живее својот живот. Тоа не се сменило откако Адел сме пораснати и ја сакавме. Само стана помала за да заобиколување – заклучи тој.