ФОТО| Адел за губењето на 44 килограми: Станав зависна од тренинзи, вежбам три пати дневно

Во 2021 година, Адел јавно проговори за губењето на 44 килограми.

Таа ги сподели методите кои ѝ помогнаа да ги постигне нејзините здравствени цели и да ја надмине анксиозноста со која се бореше. Наместо да следи некоја модерна диета, за две години таа го симна вишокот килограми со кревање тегови и тренинг.

За време на интервјуто со Опра Винфри, Адел изјави дека се чувствувала како „нејзиното тело цело време да се објективизира “.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

„Луѓето зборуваат за моето тело веќе 12 години, па решив да го направам лично моето патување за слабеење. Не се сменив заради другите, туку заради себе, па немав потреба јавно да зборувам за тоа“, додаде таа , нагласувајќи дека никогаш не почувствувала потреба да ослабне .

„Можете да имате каква било форма или големина и да бидете позитивни за вашето тело“, истакна таа.

Таа зборуваше за британскиот Vogue за деталите од нејзиниот интензивен режим на вежбање. Објасни дека за време на првото заклучување, вежбала три пати на ден: „Дигав тегови наутро, планинарев или боксував попладне, а потоа вежбав кардио навечер“.

Таа рече дека почнала да крева пет килограми и на крајот ги подигнала теговите до импресивни 80 килограми.

„Никогаш не беше за слабеење, туку за да станам силна и да се погрижам да имам време без телефон секој ден, од кој што станав прилично зависна“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Вежбањето ѝ помогнало да ја надмине анксиозноста, од која страдаше по разводот со Сајмон Конецки. Таа ги демантираше гласините дека ја следи диетата Сиртфуд, како и наизменичното постење.

„Можеби дури и јадев повеќе од порано бидејќи вежбав многу напорно“, заклучила таа.