Во рамките на активностите кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги презема во време на зголемување на загадувањето на амбиентниот возух, денеска ресорниот министер Абдилаќим Адеми ја посети општина Тетово, при што заедно со градоначалничката Теута Арифи оствари средба со еколошките невладини организации од полошкиот регион.
Отварајќи конструктивен дијалог со присутните претставници на граѓанскиот сектор, министерот Адеми оцени дека справувањето и надминувањето на алармантната состојба со загадувањето на воздухот во Тетово, бара силна соработка помаѓу локалната, централната власт и граѓанството.
Како причинители на енормното загадување, според анализите се идентификувани временските услови, грејната сезона, интензивните градежни работи и прекумерното користење на моторно возила.
Согласно наведените причнители, министерот Адеми побара да се почитуваат препораките на Владата, да се користат поквалитетни огревни материјали, да се намали користењето на моторните возила во градот, а фабриката Југохром како и во изминативе денови така и во наредите ќе работи со за 30% намален капацитет.
-Централните и локалните власти настојуваат да се постигне целта без да се пристапи кон поригорозни мерки- изјави Адеми- со што би се избегнале несаканите последици кои би следувале како резултат од нивно стапување на сила.
Како заеднички став од средбата призлезе дека проблемот со загадувањето не треба да се решава само кога ќе стане алармантен, туку преку континуирани и координирани активности во текот на целата година.