Компанијата „Адора инженеринг“ на овогодинешниот саем за градежништво и недвижнини RealExpo 2017 ја имаше можноста да се претстави со својот добро познат квалитет пред присутните.
Нивниот штанд, уникатен и препознатлив, под слоганот „Пресели се за мене“ нуди секакви решенија за заинтересираните.
Сите тие кои ќе купат станбен или деловен простор на овие локации имаат можност да освојат вредна награда – дијамантски прстен.
Оние кои ќе склучат договор на штандот на компанијата за време на саемот RealExpo 2017 ќе добијат специјален саемски попуст заштедувајќи одличен процент од својот буџет. Становите се купуваат да траат дури и по 200 години, а ние сме тука да му услужиме на нашиот клиент. За тоа говори и фактот дека во изминатите шест до седум години успеваме да продадеме и до 300 стамбени единици годишно, од кои 10% од нив се продадени на македонски граѓани кои се наоѓаат во дијаспората, открива д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора Инженеринг.
Како стратешки објекти тој ги издвојува градбите што се градат низ Скопје на три локации по европски стандарди и квалитети, а се нудат на пазарот по македонски цени. Тие се Адора Flatiron што се наоѓаат во реоните на општина Кисела Вода односно на самиот почеток на населбата во близина на тутунскиот комбинат, во населбата Карпош се наоѓа градбата Адора Diamond Garden и како последна со капацитет од 176 стана го издвојува објектот на Адора во населбата Аеродром во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.
Вкупниот број на станбени единици изнесува околу 600 само во овие три објекти кои доаѓаат со различни површини почнувајќи до 30м2 па се до 200м2 додека квалитетот останува непроменет.
Мислам дека цените во Македонија сега се на едно најниско ниво, на најоптимално ниво бидејќи квалитетот на градбите од пред десетина години драматично е зголемен, а да се добие квалитет не треба многу, треба само да се има желба односно да се штедат средствата. Вложуваме многу пари за да добиеме добар квалитет. Нашата постојана девиза во „Адора инженеринг“ и моја лична како главен менаџер е што повеќе да се даде за да се привлече купувач. Денес купувачот гледа квалитет, а притоа тоа да е сразмерно со цената. Цените кои ги нудиме како компанија за овие три стратешки објекти кои се градени по европски стандарди се движат некаде по цена од 1200 евра за квадратен метар, вели за Нетпрес д-р Чифлиганец.
Во музичката соба на штандот, одличната звучна изолација на објектите на овој градежен бренд беше доловена со настап на радио легендата Драган Б. Костиќ и серијалот Комшиски муабети со Адора инженеринг, а со посетителите денеска другаруваше и Панчо од групата ДНК.
Во следните денови ќе настапат пејачките Елена Ристеска и Тамара Тодеска кои како купувачи на стан од овој бренд ќе им делат музички албуми на посетителите.
Во петок на штандот на Адора ќе се случи најголемото и најзабавно After work party со популарниопт Сашко Коцев, а во сабота саемот ќе биде затвирен со радио матине.
Компанијата „Адора инженеринг“ е реномирана градежна компанија за високоградби која е лидер во Македонија и регионот во својата стопанска дејност. Таа се состои од тим од 400 вработени, меѓу кои доктори на науки, магистри и специјалисти од областите на енергетска ефикасност, видови на бетони и градежни материјали, за видовите на конструкции односно за статиката кои се грижат за квалитетот на градбите.
Чифлиганец со гордост се пофали дека присуствуваат на овој саем уште од неговиот почеток и дека планираат својот производ да го рекламираат преку RealExpo и во годините што следуваат.