
Со 64 гласови „за“ Собранието на денешната 131 седница ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд.
Дабовиќ Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата.
Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог на СДСМ на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година. Дабовиќ-Анастасовска дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде завршила и постдипломски студии по граѓанско право, а подоцна и докторирала.