Адвокатот Бежовски поднесе иницијатива до Уставен за Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Адвокатот Александар Бежовски, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

„ Денеска како адвокат поднесов иницијатива до Уставниот суд на РС Македонија, за оценување на уставноста и законитоста на:
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам .
Оспорениот закон е неуставен и незаконит ги повредува темелните вредности на Уставот и спречува Адвокатурата, како самостојна и независна јавна служба квалитетно да ја обезбедува со Устав загарантираната правна помош, со законот се кршат човековите слободи и права кои што исто така се загарантирани и со Европската конвенција за човекови права.
Со оспорениот закон се дозволува на Управата за финансиско разузнавање без судски налог да се меша во самостојноста на адвокатурата и во начинот на давање на правната помош и ги загрозува Уставните и законските принципи на адвокатурата како што се самостојност, тајност, доверливост заштита на интересот на странките и обезбедување на квалитетна правна помош во целина.
Од причина што оспорениот законот ги подрива и загрозува темелите на Уставот се надевам на брза реакција на Уставниот суд како и поддршка од фелата, јавноста и медиумите. Дадените надлежности во законот се случуват во моменти кога сѐ уште не се заздравени „раните“ нанесени врз слободата, правата на човекот, граѓаните и демократијата од страна на злосторничкото здружување во орган во состав на управта, неславната УБК. Можностите за злоупотреба од страна на Управата за финансиско разузнавање се огромни“, објави Бежовски на својот Фејсбук профил.