Политичките и економските односи се на многу добро ниво, но постојат потенцијали да се развијат уште повеќе за што институциите на двете земји ја имаат потребната волја и добра намера за тоа. Токму парламентарната дипломатија и меѓупарлементарните односи ќе продонесат за натамошно продлабочување на соработката, оценија претседателите на Собранието на Република Северна Македонија и на Големото национално собрание на Република Турција, Талат Џафери и Мустафа Шентоп, по денешната тет-а-тет средба во Скопје.
Тој истакна дека Големото национално собрание на Турција на експресен начин го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО и додаде дека може да се каже оти тоа е најбзро ратификуван меѓународен акт до сега.
Нагласи дека му е чест што е тука на денешниот, како што рече, значаен ден за турската заедница во земјава, 21 декември, Денот на турската настава во Северна Македонија што е потврда за мостовите што постојат меѓу двете земји.
Претседателот на Собранието Џафери посочи дека на денешната средба споделиле мислења за актуелните состојби и активности од вземен интерес на домашен и регионален план и оти се согласиле дека интензивната комуникација на високо ниво на политички план, на билатерлано и на мултилатерално ниво силно придонесува за унапредување на севкупните односи со што се отвора простор за понтензивна економска соработка.
-Република Турција е земја со која односите се развиваат во духот на историски традиционалното пријателство, меѓусебно разбирање, партнерство и активна соработка во бројни полиња од заемен интерес, а денешната средба е дополнително збогатување на важната парлементарна соработка, рече Џафери.
Тој посочи дека силен мост на соработка меѓу двете земји претставуваат граѓаните од турската заедница во земјава и граѓаните кои се иселени од тука и се етаблирани во Турција.
-Значајната алка на поврзување не може да помине без да се спомене убавиот празник што денеска го слави турската заедница, односно Денот на наставата на турски јазик, а токму образованието е најдобриот начин за зачувување на идентитетот на секоја нација, потенцира Џафери.
Тој се забагодари за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО од Големото национално собрание на Република Турција и додаде дека веќе се чувствуваме како 30-та земја-членка на Алијансата и потсети оти веќе ги споделуваме заедничките вредности и одговрности во Мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“, каде припадниците на нашата Армија се дел од турскиот контингент.