Претседателот на Собранието, Талат Џафери, видно нервозен, ги искара пратениците поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои пратениците си ги упатија меѓусебно.
Откако не успеа да ги смири, Џафери им свика на пратениците дека нема технички можности да ги прекине, но дека може да ги отстрани ако по трет пат од опомената не се почитуваат правилата.
Завршувајќи го своето обраќање, пратеникот Игор Јанушев удираше врз говорницата во собраниската сала, за што заработи силен аплауз од сопартијците, но и опомена од спикерот Талат Џафери.
-Во кој парламент има лупање на маса и викање? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам, Игоре, остро му се обрати Џафери на Јанушев. Треба да знаете дека сте во Собрание, а не на партиска конференција. Не сте веќе во кампања и таму тоа не се прави, реагираше Џафери.
Реакциите на пратениците следа по говорот на пратеникот Игор Јанушев кој го нарече Заев топ-шоп мандатар зошто тој секогаш велел и ветувал дека може повеќе.