Африканските претседатели сакаат да ги убедат Киев и Москва веднаш да ги започна мировните преговори

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоса

Шестмината африканските претседатели предлагаат Киев да ги прифати мировните преговори со Москва дури и додека руските војници се на украинската територија, објави во понеделникот вечерта кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република, чиишто функционери се подготвуваат двете земји за да ја промовираат оваа иницијатива.

Украина, којашто нагло ги прекина преговорите на почетокот од април 2022 година веднаш откако по преговорите во Истанбул кон крајот на март – еден месец од почетокот на руската инвазија беше објавено дека Москва и Киев постигнале голем напредок за запирање на непријателствата а тоа се случи откако украинската престолнина ја посетија поранешниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, донесе дури и закон со кој преговорите се невозможни додека во Кремљ е Владимир Путин.

Украина потоа бара пред почетокот на преговорите руските сили да се повлечат од нејзината територија, а Русија како главен предуслов за преговори бара Киев да го признае суверенитетот над црноморскиот полуостров Крим. Овој стратешки дел, со доминантно мнозинско руско и руско јазично население по превратот во Киев во 2014 година одржа два референдума на кои со огромно мнозинство изгласа враќање на автономијата укината со осамостојувањето на Украина во 1991 година, како и враќање во составот на Русија од кој е отцепен со административна одлука во 1954 година на тогашниот советски челник Никита Хрушчов, по потекло од Украина. Киев и поголемиот дел од меѓународната заедница го сметаат за нелегално руско анектирање на меѓународната заедница.

„Прво, престанување на судирите. Втора, рамка за долготраен мир“, изјави портпаролот на јужноафриканскиот претседател Винсент Магвенја.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоса мировната иницијатива ја најави на 16-ти мај. Ја преводи сенегалскиот претседател Маки Сал, минатогодишниот претседател на Африканската унија чија земја не беше присутна на гласањето во Обединетите нации за резолуцијата со која беше осудена Русија.

Другите членови на иницијативата се претседателите Абдел Фатах ал-Сиси од Египет и Хакаинде Хичилема од Замбија кој гласаа за резолуцијата но нивните земји одржуваат тесна соработка со Русија, како и Денис Сасу Нгуесо од Конго и Јовери Мусевени од Уганда кои беа воздржани на тоа гласање на Генералното собрание на ОН.

Се очекува мировната мисија на почетокот од јуни да отпатува во посети на Москва и на Киев.

„Мојот претседател беше многу јасен… (Нема да има) преговори меѓу Украина и Русија, освен доколку Русите не ја напуштат нашата територија во нејзините меѓународно признати граници“, напишала во СМС-порака за Reuters, Љубов Абравитова, украинската амбасадорка во Јужноафриканската Република која пред два месеца одржа воено-поморски маневри со учество на воени бродови од Русија и од Кина.

Но Абравитова додала дека „ќе ги примиме сите претставници и ќе разговараме со нив“.

Портпаролот на руската амбасада не одговорил одмора на барање за коментар.