Афроамериканецот Џорџ Флојд денеска ќе биде погребан во Хјустон

25

Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија насилна смрт предизвика протести против расизмот низ целиот свет, ќе биде погребан денеска во Хјустон.

Флојд (46) беше убиен за време на бруталното апсење во Минеаполис, кога полицаецот Дерек Шовин, сега обвинет за убиството, го притисна со коленото на вратот и го држеше во таа позиција скоро девет минути.

На комеморацијата, што се одржа вчера во неговиот роден град Хјустон, присуствуваа околу 6.000 луѓе, а погребот ќе биде приватен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.