Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Владимир Мичлин, Љубомир Фрчкоски, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски… има уште некои на листата која и не е така мала.
Ова е групата новинари, политички аналитичар и политичари од земјава кои работат за секого, само не за својата земја. Некој уредник, некој политички аналитичари, сите со иста цел – да бидат фокусирани на две работи кои секако, не и носат ништо позитивно на земјава. Фокусирани се на две работи – Како да ја исплукаат земјата надвор и да го уништат нејзиниот имиџ и да ја компромитираат државата преку спорот со соседна Грција, нарушувајќи ги позициите на сопствената земја. За двете работи кои се во нивниот фокус прашањето е исто – Кому му одговара тоа?, пишува Република.
Приватна забава за оцрнување на земјата
Борјан Јовановски и неговата колешка од Нова ТВ, Билјана Секуловска се “истакнаа“ на т.н. хеаринг во Европскиотпарламент на тема под наслов „Замолчувањето на медиумите во ПЈР Македонија“, во организација на Алијансата на либералите и демократите за Европа, политичка групација во ЕП. Целта беше повеќе од јасна – да се нападне сопствената земја во ЕП. Замислата беше „приватна забава“ со цел осуда на Македонија, без да се покани некој што неутрално ќе ја коментира состојбата во медиумите. Едноставно без дебата на новинари, туку дебата на лобисти на една партија. Некој работеше против сопствената земја и сопствениот народ. Вакви напади врз слободата на медиумите, поплаки за некаков режим од кој тие се жртви има милион. Секое нивно излагање пред меѓународен фактор е исти – режим, демократија, слобода на медиуми…