
Изборите се спроведоа успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди, оцениле претседателот на ДУИ, Али Ахмети и словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Јазбец.
„Ахмети подвлече дека на земјата ѝ се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули за истите да преземаат целосна одговорност за лошата економска ситуација и непрекината пандемија. Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба да се состане собранието и да се изгласа нова влада која ќе ја менаџира оваа ситуација“, соопштија од ДУИ.
Ахмети на средбата уште кажал дека ДУИ е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес.