Ахмети: Градиме капитални проекти што ќе ги наследат генерации

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во втор никот присуствуваше на свеченото отворање на реконструираниот пат во населеното место Бојане, во скопката општина Сарај.

Овој проект за реконструкција на патот во должина од пет километри, два километра фекална канализација, два километра атмосферска канализација, тротоари во должина од 3,5 километри и потпорен ѕид во должина од 700 метри,  вкупно чинеше 83.851.201 денари.

„Почитувани жители на Општина Сарај, почитуван премиер, фрадоначалник на Општина Сарај, градоначалник на Град Скопје.Патиштата, мостовите, се голема симболика бидејќи ги поврзуваат луѓето, поврзуваат генерации. На нашата земја и треба инфраструктура, модерна инфраструктура и овој проект наликува на оваа модернизација. Изградените патишта не обединија и во оваа коалиција, мостовите не обединија во оваа коалиција бидејќи целите ни беа заеднички“, рече Ахмети.

Според него заедничка цел им била да изградат инфраструктура што обединува и приближува до Европа, а „успесите денес и утре нема да изостанат со овие изградени мостови и патишта“.

„Нашиот безалтернативен пат беше НАТО, нашиот пат беше Европската унија, нашиот заеднички пат беше да изградиме инфраструктура што не обединува и не приближува до Европа, така што успесите денес и утре нема да изостанат со овие изградени мостови, од овие патишта што се асфалтирани за да не приближат што е можно поблиску до Европа, да не доведат што е можно поблиску до владеењето на правото, со правната држава, со сите прогресивни идеи за да имаме држава што е можно пофункционална и што е можно поскоро земја членка на Европската унија“, заклучи  Ахмети.