Ахмети: Мора да носиме храбри одлуки, сите имаме полза од интеграцијата во ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во понеделникот вечерта во дебатната емисија „Клан Дебата“ во ТВ Клан Македонија зборуваше за актуелната политичка ситуација, економоската-енергетската криза, спорот со Бугарија и интеграцијата на земјата во ЕУ.

Лидерот на ДУИ коментирајќи ја иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ подржана и од Движењето Беса за блокирање на Собранието, истакна:

„Дали сакаат да го подобраат угледот на нивната партија или сакаат да бидат црна дупка во земјата не знам. Бојкотот нема поддршка од ниту една држава со напредна демократија, не знам која е нивната агенда со саботирање на законите кои се во интерес на државата. Значи дека нема да добиваат ништо од ова. Впрочем времето е пред нас и ќе видиме која е нивната агенда, јас зборував начелно, но знам дека ја немаат поддршката на ниту една земја од ЕУ, тие се против овие стратегии бидејќи се на штета на актуелните случувања и на процесите“, нагласи Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека Владата на РСМ има целосен легитимитет и дека право на опозицијата е реагира и критикува.

„Оваа Влада има целосен легитимитет бидејќи Заев тогаш ја објави кандидатурата за премиер и СДСМ беше изгласана, ДУИ и партиите беа изгласани на избори. Ние сме парламентарен систем, кој го добива мнозинството тој ја прави владата и во рамките на четири години ќе зависи колку ќе се имплементира презентираната платформа. Ако таа не успее да се оствари по четири години, тогаш ќе видиме дали ќе го добиеш мандатот од граѓаните. За тоа што ќе го реализираш луѓето ќе те ценат, а не за тоа што го ветуваш а не го правиш“, кажа Ахмети.

Во интервјуто истакна дека „не очекувајте опозицијата да ја игра улогата на ‘фолклорен оркестар’ и да пее за реализираните работи од страна на Владата“, туку дека јавноста е таа која оценува и суди.

„Што се однесува до предвремените избори, ако ВМРО-ДПМНЕ мисли дека поради светската криза земјата треба да излезе на избори, тогаш цела Европа треба да излезе на избори“, додаде Ахмети.

„Земјата оди на избори ако имаме политичка криза како што беше во минатото, како што беше случајот во 2015-16 година кога земјата беше во длабока криза со скандалот со прислушувањата. Но во овие околности кога имаме сериозна економска-енергетска криза треба да имаме посериозен пристап за да создадеме подобри решенија за надминување на ситуацијата. Ние со сите капацитети што ги имаме се обврзавме да бидеме придонесувачи во градењето на мирот. Се обидуваме да го решиме спорот со Бугарија и јас ќе се согласев со Мицкоски ако тој апелираше на една таква средба бидејќи проблемот со Бугарија е сериозен проблем за отворањето на преговорите, не случајно инсистираме и работевме за време на овие речиси две децении нашата земја да биде дел од НАТО и ЕУ. Го сметаме ова како корисно бидејќи придонесуваме за поголема безбедност. Само една споредба да направиме како во оваа несекојдневна криза ќе постапевме ако не бевме дел од НАТО“, рече Ахмети.

Рече се ситуацијата со светска економска криза и раст на ценитеа добро се менаџира од страна на Владата, дури и подобро од некои земји во регионот.

„Се соочуваме со глобална економска криза која се рефлектира и кај нас. Ние не бевме само набљудувач туку донесовме конкретни мерки за полесно надминување на криза. Мислам дека ја менаџираме ситуацијата подобро од која било друга земја во регионот“, изјави лидерот на ДУИ Ахмети.

Истакна дека очекува позитивен епилог во однос на спорот со Бугарија и Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ која е од корист за сите граѓани.

„Имаме уште една појава што треба најаналитички да се гледа. Имаме спор со Бугарија и граѓаните знаат дека спорот е за историски и јазични прашања. Истата ситуација ја имавме и со Грците, но постигнавме компромис со кој се отвори патот кон НАТО. Бугарија е членка на ЕУ, и сите земји членки имаат право на вето. Очекувам позитивен епилог, историските проблеми нека ги решаваат научниците и историчарите, ние мора да носиме храбри политички одлуки бидејќи придобивките се големи за сите“, рече меѓу другото Али Ахмети.